Доналд и Меланија Трамп организираа настан во Белата куќа каде им доделија благодарници на лица кои помагаат во борбата со новиот коронавирус.
50-годишната прва дама на САД изгледаше беспрекорно во елегантен летен стајлинг, кој вклучуваше фустан од Џејсон Ву и салонки од Маноло Бланик.
Но, покрај комплиментите за модниот избор, Меланија доби и бројни критики, затоа што, како и нејзиниот сопруг, не носеше маска за заштита. На својот профил на Twitter, самата таа препорачува да се носи маска и да се одржува растојание.
На настанот присуствуваа и мали девојчиња кои носеа маски, а Претседателот на САД без маска се фотографираше со нив, непочитувајќи ја препорачаната дистанца.