Кејти Петруциело постојано се обидува да ѝ ја зајакне самодовербата на својата мала ќеркичка со оштетен слух.
Креативната авторка напиша детска книга во која хероина е девојче со кохлеарен имплант (слушно помагало), исто како што носи нејзината ќерка Мила.
![Мила](/images/articles/25318/01.jpg)
![Мила](/images/articles/25318/03.jpg)
![Мила](/images/articles/25318/02.jpg)
Идејата за „Mighty Mila“ се јавила кога Мила ја прашала мајка си ‘зошто ниту еден лик во сликовниците нема кохлеарен имплант’.
Кејти била погодена од нејзините зборови и решила да ги преземе нештата во свои раце. Така се родила инклузивната книга.
„Пред две години, мојата 3-годишна ќерка Мила ме погледна со тага во очите и ме праша ‘Мамо, зошто никој во моите книги нема кохлеарен имплант како мене?’ Срцето ми се скрши и знаев дека треба да направам нешто за отсуството на глуви ликови во детските книги. Зашто ако јас не го направев тоа, тогаш кој ќе го направеше?“
„’Mighty Mila’ е сликовница каде сите деца ќе можат да се заљубат во ова имагинативно, смело мало девојче, кое има оштетен слух“ – изјавила мајката.
![Мила](/images/articles/25318/04.jpg)
![Мила](/images/articles/25318/05.jpg)
Мила слушала одредени звуци кога се родила, но по една година докторите забележале дека започнува постепено да го губи слухот и морала неколку години да носи слушно помагало.
Одеднаш, во период од шест месеци нејзиниот слух драстично се влошил и морале да ѝ стават кохлеарен имплант.
Кохлеарни имплантни системи се единствените медицински уреди способни да заменат сетило. Тие им овозможуваат на луѓето со целосна глувост и тешко оштетен слух да слушаат.
![Мила](/images/articles/25318/06.jpg)
![Мила](/images/articles/25318/07.jpg)
![Мила](/images/articles/25318/08.jpg)
„Постојано ја охрабруваме Мила да си го сака и да биде горда на слушното помагало. Ја сакам нејзината самодоверба и една од моите цели како мајка е да ѝ помогнам да ја развие таа самодоверба и да ги слави различностите кои ја прават уникатна“ – додала Кејти.
![Мила](/images/articles/25318/09.jpg)