Армани Латимер не дозволи алопецијата да ѝ ја уништи самодовербата.
Девојката, која е една од мажоретките на Dallas Cowboys, танцуваше без перика за првпат откако јавно откри дека ја изгуби својата коса поради автоимуната болест.
Во видеото, Армани зрачи со самодоверба поддржана од останатите девојки од тимот.
„Многу сме горди што го правиш ова и си претставник за многу мали девојчиња ширум светот. Тие ќе те гледаат со стравопочит, восхитувајќи се на твојата сила, знаејќи дека ќе се чувствуваат толку убаво поради она што го правиш денес. Многу се гордееме со тебе“ – стои на видеото.
@dccheerleaders Confidence takes center stage for Alopecia Awareness @Armani Latimer #MyCauseMyBoots #AmericasSweethearts #DCC #DCCheerleaders ♬ original sound - Dallas Cowboys Cheerleaders
На Армани ѝ била дијагностицирана алопеција на 12-годишна возраст. Таа голем дел од својот живот го поминала носејќи перика, но сега одлучила дека е време да го прифати својот вистински природен изглед.