Почетна » Новости » Мода » Елегантна и женствена: Новата колекција венчаници од дизајнерката Антонија Ристовска

Елегантна и женствена: Новата колекција венчаници од дизајнерката Антонија Ристовска

На чекор до 2025 година, Антонија Ристовска ја објави невестинската колекција за следната година.

Македонската дизајнерка создаде венчаници во кои секоја невеста би се чувствувала женствено и раскошно.

„Плетејки нова приказна на љубовта во скулптурални форми на силуети новата муза е спремна за нов почеток, искажувајќи ја својата слобода во женствен и елегантен стил. Во чекор на возвишеност со стегната половина, отворена биста и скулптурална силуета ја отвора новата иднина. Флуидна и строга обвиткана во микадо, органза, кади и артистички рачно создадени тантели таа го ужива моментот на љубовна романса“ – вели Ристовска.

Раскошот на материјалите и везовите со бисери и кристали ја надополнуваат женственоста на секоја венчаница.

Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска

Моделите се изложени за продажба во Ателје Антонија Ристовска.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22194 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.