Почетна » Новости » Занимливости » Татко создаде детска книга во која херој е девојче со аномалија на раката како неговата ќеркичка

Татко создаде детска книга во која херој е девојче со аномалија на раката како неговата ќеркичка

Уште од најмала возраст, децата треба да се учат да се прифаќаат себеси онакви какви што се, и покрај тоа што изгледаат различно од другите.

Татко создаде детска книга во која херој е девојче со аномалија на раката, исто како како неговата ќеркичка Емили.

Дени Џордан вели дека „The Capables“ е инклузивна книга за група деца-суперхерои создадена со цел децата со попреченост да се гледаат себеси како ХЕРОИ во приказната.

Татко и ќерка - книга

„Секогаш ѝ кажувам на ќерка ми дека нашите разлики нè прават убави. И во светот на 'The Capables', нивните различности ги прават СУПЕР. Ја сакам идејата родители и деца ширум светот да ги имаат пред себе овие стории каде деца со попреченост се херои на приказната. Тоа е она што ме мотивираше од првиот ден – да се создаде свет кој е поинклузивен и пољубезен“ – вели Џордан.

Татко и ќерка - книга Татко и ќерка - книга

Дени постојано ѝ повторува на ќеркичката дека е доволно силна и паметна за да се бори во овој свет.

„За сите жени-борци. Јас сум силна. Јас сум паметна. Јас сум способна. Јас сум воин“ – вели слатката Емили во видео на Instagram.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21003 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.