Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Домот ми е хаос, но желбите ми се исполнети“: Оливија Ман го слави првиот Божиќ со две деца по битката со ракот

„Домот ми е хаос, но желбите ми се исполнети“: Оливија Ман го слави првиот Божиќ со две деца по битката со ракот

Домот на Оливија Ман можеби е хаос, но нејзиното срце е полно.

44-годишната актерка го прослави првиот Божиќ како мајка на две мали деца откако ја доби ќеркичката Меј со помош на сурогат-мајка. Оливија не можеше сама да ја износи ќерката поради хормонските терапии и медицински индуцираната менопауза при лекувањето на ракот на дојка.

Ман покажа како изгледал нивниот несреден дом на Божиќ, но дека тоа не ѝ пречело, бидејќи сите нејзини желби биле исполнети. Таа има 3-месечна ќерка и 3-годишен син.

Оливија Ман Оливија Ман Оливија Ман

„Куќата е хаос, Малком доби очила за безбедност личност од пингвините од Мадагаскар, а Меј денес полни 100 дена. Сите мои божиќни желби се остварија“ – напиша Оливија.

Оливија Ман Оливија Ман

Во март оваа година, Оливија откри дека има рак на дојка кој го откри сосема случајно кога си правела одредени медицински испитувања. Минатата есен, Ман помина низ реконструктивна операција на градите, а во ноември започна со хормонска терапија за да го намали ризикот од враќање на ракот. Таа сега е во медицински индуцирана менопауза.

Оливија Ман

Оливија стапи во брак со комедијантот Џон Малејни во јули 2024 година. Тие го добија синот Малком во 2021 година.

Оливија Ман

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20996 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.