Почетна » Новости » Занимливости » Мајка со моќна порака се бори со предрасудите за царскиот рез и порачува дека тоа не е „полесното породување“

Мајка со моќна порака се бори со предрасудите за царскиот рез и порачува дека тоа не е „полесното породување“

Април е месец за подигнување на свеста за царскиот рез и многу мајки на социјалните мрежи го креваат својот глас за да се борат против предрасудите на луѓето кон жените кои се породиле на овој начин.

Аника Петра со натпис на табла и текст објаснува колку е тежок овој вид породување и дека најголем дел од родилките воопшто не го посакувале како опција. Блогерката, која ја следат илјадници интернет корисници, тврди дека доколку не постоеше царскиот рез, таа немало да биде тука.

„Ако мислиш дека сечењето на шест слоја и вадењето на органи и луѓе е полесниот начин, не би сакала да го знам потешкиот начин“ – пишува Петра на таблата која објаснува што се случува за време на царски рез.

Аника Петра

КАЖИ ПОВТОРНО!

Среќен Меѓународен месец за подигнување на свеста за царскиот рез на сите неверојатни мајки кои се породиле со царски рез. Искрено, не можам да поверувам колку негативна стигма постои околу породувањата со царски рез. Се растажувам кога луѓето се бесчувствителни и дрски кога зборуваат за царските резови (ниту еден од нив не бил во живото-загрозувачка ситуација во која имал потреба од тоа). Никогаш во животот не замислував дека ќе ми треба, всушност и самата јас велев: „Никогаш нема да имам царски рез!“. Ха-ха... тоа не помина добро.

Имав „совршен“ и убав план за „природно“ породување, но не помина како што планирав (воопшто!), но му благодарам на Бог што ми овозможи да имам царски рез инаку сега немаше да бидам тука. Немаше да имам три (и наскоро четири) прекрасни бебиња.

Ништо што е поврзано со царскиот рез не е лесно (честопати се рангирани како најмачни процедури и закрепнувања), никој не сака да има царски рез, екстремно е болно и опоравувањето е несигурно. Но, царските резови се убави и се вистински благослов, бидејќи се единствена опција за многу жени, како мене (по 3 дена породилни болки дознав дека не можам да имам „природно“ породување), кои физички не можат да родат бебе на друг начин.

Наместо да ги понижувате мајките што имале царски рез за нешто што е НАДВОР од нивна контрола, постирајќи статистики колку тоа не било неопходно или нарекувајќи ги слаби (не знаете колку се силни!), ајде да ги издигнеме што биле ТОЛКУ МНОГУ храбри и буквално го ризикувале нивниот живот за да се роди нивното бебе.

Наздравувам за вас, мои неверојатни супержени кои се породивте со царски рез.

Аника доби силна поддршка на социјалните мрежи и многу мајки ги споделија своите искуства со царскиот рез. Некои од нив објаснија дека тоа било најтешкото искуство во нивниот живот и дека се откажале од плановите за второ дете, додека други споделија дека имале 4, па дури и 5 царски реза, како единствена опција за породување.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20994 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.