Црно-бела фотографија на која бебенце спие до лузната од царскиот рез на мајка си забрзано го обиколува светот.
Фотографијата е дело на Хелен Алер, која снимила фотосесија со мајката уште пред породувањето. За време на средбите, таа дознала дека мајката е преплашена од помислата за царски рез. За жал, за време на породувањето дошло до компликации и мајката изгубила многу крв, па бебето се родило со итен царски рез.
Операцијата им го спасила животот и на мајката и на новороденчето.
„Таа мораше да се породи со итен царски рез. Ме повика да ја направам оваа слика за да покаже дека нејзиниот најголем страв им ги спаси животите и на двајцата“ – објаснила Алер.
Фотографијата допрела до над 7 милиони лица и поттикнала многу мајки да ги споделат своите приказни од раѓањето на нивните деца.
„Го родив мојот син со царски рез, па ова ми буди многу емоции. Колку храбра мајка и фантастична фотографија“, „Можно е да треба да се породувам со царски рез... преплашена сум! Оваа слика ме инспирира. Честитам“, „Оваа фотографија е прекрасна. Не можам да не се поврзам со емоциите кои извираат од неа“, „Жените се прекрасни, имаат дарба да даваат живот“... тоа се само неколку од коментарите на социјалните мрежи.