Мајка на четири деца преку објава на Instagram им возврати на оние кои велат дека царскиот рез е полесниот начин на породување.
27-годишната Софи Гвидолин, која е фитнес инструкторка и нутриционист, сподели дека поради царскиот рез има болки во стомакот 16 месеци по раѓањето на нејзините близначки. Софи претходно има родено две деца по природен пат и тврди дека за разлика од нормалното породување, царскиот рез е страшен.
Царскиот рез е полесниот начин на породување.
Чекај... што ли прочитав пред малку?
Имам 4 прекрасни здрави деца и секое раѓање беше сосема поразлично од претходното. Моето најомилено породување од сите беше со Рајдер, во мала болница, без доктор, само јас и моја роднина на подот успеавме да го донесеме на овој свет потполно здрав. Најдоброто искуство.
Како и да е, само што прочитав статија во која пишуваше дека жените избираат да се извлечат на полесниот начин, решавајќи се за породување со царски рез.
Еве сум, 16 месеци по раѓањето на моите убави буцкасти девојчиња со царски рез.
Што е тука „лесно“? Мора да се шегувате со мене? Хаха конкретниот процес на раѓање беше МНОГУ помалку болен, но оттогаш помина повеќе од една година, а јас СÈ УШТЕ се опоравувам и сè уште имам болки. Закрепнувањето од природно породување е од 3 до 6 месеци.
Не можам да ставам тежина во пределот на карлицата (за да правам подигнувања на колковите), имам болки и внатрешна лузна која боли на допир. Кога ќе помислам на тоа, не би рекла дека е „лесно“, туку дека е „различно“. Запомнете дека ова е мое лично искуство.
Како прво, царскиот рез е многу страшен. Во ладна соба сте, препуштени сами на себе. Ви забодуваат џиновска игла во грбот, не си ги чувствувате нозете, со исклучок на тргањето на некого од внатрешноста на вашиот стомак. Потоа дејството на лекарствата против болка поминува, а вие сте сечени на стомакот и ви е тешко да седите и да одите.
Тоа сигурно не е лесно, па запомнете дека секое искуство е „различно“. Кога би имале уште едно бебе, дефинитивно би избрала вагинално породување.
Секој има различно сфаќање за тоа што е „тешко“. Што велите да ги славиме животите кои се создадени и кои влегле на овој свет, наместо да судиме „кому му било потешко“?
Софи ги роди близначките Иви и Арија во септември минатата година. Таа вежбаше во текот на целата бременост, па често беше мета на критики онлајн. До Гвидолин редовно стигнуваат комплименти, затоа што успеа да се врати во форма многу кратко време по породувањето.