Почетна » Новости » Занимливости » Мајка со фотографија од лузната на стомакот ги замолчува оние со став дека „раѓањето со царски значи дека не си родила“

Мајка со фотографија од лузната на стомакот ги замолчува оние со став дека „раѓањето со царски значи дека не си родила“

Луѓето често осудуваат без да ги знаат причините зад нечии постапки.

Мајка, која се породи со царски рез, одлучи да им одржи лекција на сите оние кои ѝ велат дека не го родила своето бебе.

Џоди Шоу објави фотографија од огромната лузна на стомакот заедно со текст во кој објаснува дека некои жени немаат избор и дека мораат да се породат со царски рез. Таа вели дека нејзината лузна ѝ го спасила животот.

Царски рез

Нов ден и нов пост од некој кој инсинуира дека породувањето со царски рез значи дека не си се породила вистински.

Може ли да ве замолам да престанеме!

Очигледно не можам да ги променам ставовите на луѓето, но одлучив да ја споделам оваа фотографија за да видам дали можеби таа ќе ги натера луѓето да разберат дека и покрај нашите планови за породување, понекогаш не добиваме избор. Јас немав избор.

Имав миом со големина на диња сместен на грлото на матката и ниско поставена плацента, што значи дека немам вообичаена лузна од царски рез. Но, независно дали верувате во ова или не, јас го родив моето бебе.

Па, следниот пат пред да осудувате некоја жена дека не го направила она што го нарекувате „раѓање“, ве молам одделете една минута за да размислите зошто се породила на тој начин. Размислете на фактот дека доколку ѝ бил даден избор, немало да го избере ова. Но, таа немала избор. Зошто некој би избрал голема операција и 6-неделно закрепнување?

Оваа лузна ме спаси да не изгубам голема количина на крв што ќе ми го загрозеше животот и значи дека моето бебе беше донесено на овој свет онака како што би требало. Здраво и неповредено, исто како и јас.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.