Бајковита сцена од срнчиња кои уживаат во празен парк со расцутени црешови дрвја во Јапонија мами воздишки.
Прекрасниот момент е овековечен во видео кое забрзано се распространува на интернет.
Паркот Нара во Осака е дом на повеќе од илјада животни и е голема атракција за туристите.
Видеото е направено од јапонскиот фотограф Казуки кој на тој ден во паркот снимаше фотосесија со млад пар пред нивната свадба.