Срнче со „шара на далматинец“ стана атракција, откако фотографии и видеа од слаткото животно со уникатно крзно беа објавени на интернет.
Срнчето, кое го доби името Бу, останало сираче кога имало само една недела и било спасено од Здружение за заштита на дивите животни.
Мајката на Бу починала откако била удрена со автомобил и малото новороденче немало да преживее ако останело само на себе во дивината.
Крзното на Бу е бело поради леуцизам, генетска состојба која резултира со делумно губење на пигментацијата.