Мајката е прва учителка на нејзиното дете и пример кој тоа ќе го следи понатаму во животот.
Лаура Касперзак секојдневно ѝ ја пренесува љубовта кон јогата на својата мала наследничка – Мини. Флексибилната јога инструкторка ја учи својата ќерка од мали нозе на важноста на здравиот начин на живот и физичката активност.
Уште од 3 години Мини можеше да ги изведува почетничките телесни положби (асани), но сега 8-годишното девојче ги има усовршено и покомплицираните положби.
„Ти си најголемиот пример за твојата ќерка. Биди храбра, биди љубезна, скромна, верувај, најди цел, давај прегратки бесплатно и често“ – пишува Лаура.
Лаура често со гордост објавува фотографии пред и потоа од напредокот на нејзината ќерка.
Погледнете дел од неверојатните положби кои ги изведува Лаура.