Секоја мајка се труди максимално да го искористи времето кое го минува со своето семејство, а Лаура Касперзак слободно може да го нарече дружењето со своите деца и сопругот специјално.
36-годишната мајка на две деца има над 1 милион следбеници на Instagram. Светот не остана рамнодушен на нејзините слатки „јога фотографии“ со ќеркичката Мини, па бројот на нивни обожаватели постојано расте.
Но, малечкото девојче не е единствениот член од семејството „заразен“ од љубовта кон јогата. Нејзиниот „јога албум“, покрај слатката Мини, ги вклучува и нејзиниот син и сопругот.
Погледнете ги неодоливите фотографии на семејството Касперзак.
Лаура, која милува себеси да се нарекува „јога мама“, може да се пофали со импресивно 17-годишно искуство во практикување на јога. Лаура е и креатор на сајтот „Two Fit Moms“, на кој заедно со својата најдобра пријателка Масуми Голдмен секојдневно споделуваат насоки и совети поврзани со јогата, исхраната и здравиот начин на живот. Нивната основна порака до сите мајки кои се борат да најдат време за вежбање е: „Не се откажувајте“.