Почетна » Новости » Занимливости » Вирална фотографија: Жена го носи на грб сопругот кој ги изгубил двете нозе

Вирална фотографија: Жена го носи на грб сопругот кој ги изгубил двете нозе

Фотографија на млад брачен пар стана интернет хит и стопли илјадници срца. Направена за време на семеен одмор во Ајдахо, фотографијата ја покажува Кели Котл, која го носи на грб својот сопруг кој ги изгубил нозете во Авганистан.

Кели и Џеси

Во 2009 година, 28-годишниот Џеси Котл згазнал на импровизирана експлозивна направа и му биле ампутирани двете нозе. Неколку месеци по страшната несреќа, додека сè уште се привикнувал на протезите на нозете, тој ја запознал 24-годишната Кели. Пред 10 дена тие ја прославија првата годишнина од бракот.

„Таа ме носи физички, но има времиња кога таа ме носи и емоционално... Ако не згазнев на таа експлозивна направа, немаше да ја сретнам. Не би го променил тоа никогаш“ – изјавил Џеси.

Кели и Џеси

Фотографијата била направена спонтано за време на фамилијарна средба со семејството на Кели. „Некој предложи да направиме неколку фотографии во водата. Го носев Џеси назад кај неговите нозе и фотографот предложи да направи неколку фотографии од нас“ – раскажала Кели.

Кели, Џеси и нејзиното семејствоКели, Џеси и нејзиното семејство

Откако фотографијата била објавена на Facebook, веднаш привлекла огромно внимание и позитивни коментари исполнети со комплименти, восхит и почит.

„Фотографијата кажува сè. Јас всушност ја гледам како симбол на нашата врска. Таа совршено покажува која е Кели“ – рекол Џеси.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.