Почетна » Новости » Занимливости » Слепо 11-годишно девојче истрча маратон следејќи го гласот на мајка си

Слепо 11-годишно девојче истрча маратон следејќи го гласот на мајка си

Понекогаш победата воопшто не е важна. Таков е случајот со 11-годишната Вакана Уеда, која и покрај тоа што е слепа, успеа да го заврши маратонот во Хонолулу.

На упорното девојче му беа потребни 14 часа, 3 минути и 12 секунди за да стигне до целта и да ја скине лентата украсена со цвеќиња. Вакана во текот на целата трка го следела гласот на мајка си која ја водела кон целта.

Вакана УедаВакана Уеда со својата мајка

„Пред ознаката за половина маратон, таа имаше грчеви во ногата и многупати размислуваше да се откаже. Но, затоа што нејзиниот тим ја поддржуваше, таа успеа да го заврши маратонот“ – изјавила нејзината мајка.

Вакана УедаВакана во прегратката на мајка си

Оваа трка е петтиот по големина маратон кој се одржува во САД, а Вакана беше меѓу 19-те илјади луѓе кои успеаја да ја преминат целта. Иако оние кои први ја завршија трката долга 42 километри беа веќе заминати кога Вакана ја премина целта, самото нејзино завршување е голема инспиративна победа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.