Почетна » Новости » Занимливости » Охрабрувачка порака во женски тоалет во универзитет стана хит

Охрабрувачка порака во женски тоалет во универзитет стана хит

Ѕидовите и вратите во јавните тоалети често се „табла“ за омаловажувачки и навредливи пораки напишани со перманентен маркер или издлабени потписи. Но, понекогаш може да се сретнат „болни“ тајни чии сопственици не би сакале да ги споделат лично со никого.

Охрабрувачко писмо залепено во женски тоалет во универзитет, кое содржи многу мотивирачки зборови за девојки кои споделиле ужасни проблеми, стана интернет сензација.

Писмото било споделено на Reddit од корисник кој објаснува: „Во женскиот тоалет во мојот универзитет, девојките ги имаат напишано своите најстрашни животни искуства. Оваа недела, некој им одговори.“

Писмо

Еве што пишува во охрабрувачката порака:

До девојката која беше силувана:
„Ти си силна. Не можам ни да си замислам низ каква болка имаш поминато. Самиот факт што имаш храброст да го напишеш тоа (макар и на ѕид во тоалет) ми дава надеж.“

До девојката со нарушување во исхраната:
„Ти тврдам, иако не те познавам, ти си убава, го заслужуваш твоето здравје. Заслужуваш да се ослободиш од тој пекол.“

До девојката со татко алкохоличар:
„Многу жалам за агонијата која тоа ти ја причинило. Повторно, таквата храброст е за восхит, мора да си многу силна личност за да гледаш таква болка.“

До девојката чиј татко почина:
„Никогаш нема да престанат да ти недостигаат. Болката од нивното отсуство никогаш не исчезнува. Но, нивната љубов и спомените кои ги споделувате мора да траат засекогаш. Сигурна сум, од дното на моето срце, дека луѓето кои те напуштиле на овој свет се исклучително горди на тоа каква личност си ти.“

Секогаш кога ќе ги видам овие ѕидови, овие исповеди, се чувствувам толку благословена што ја имам привилегијата да ги гледам. Вашите моменти, овие тајни, се скапоцени иако се тажни.

До сите вас (вклучително и оние кои не ги спомнав и оние кои сè уште немаат ништо напишано):

  • Вие вредите.
  • Вие сте силни.
  • Вие сте храбри.
  • Вие сте сакани.
  • Некој се грижи.

Најдолу на листот некој друг со мали букви одговорил на инспиративната порака: „До личноста која го напишала ова: Ти благодарам“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.