Даниел Кајмакоски сигурно чекори кон финалето на „X Factor Adria“. Талентираниот пејач и вечерва ја придоби балканската публика и привлече доволно гласови за да ја продолжи музичката борба за титулата победник во музичкото шоу.
Жирито не штедеше пофални зборови по неговата изведба на „Stay“ од англиското дуо Hurts. „Одличен избор на песна. Ја отпеа барем трипати подобро од оригиналот, навистина“ – рече Кики. „Браво Даниел, браво. Секој пат си сè подобар, јас не знам дали воопшто да го коментирам твоето пеење и твојата изведба“ – коментираше Емина.
Калиопи беше специјална гостинка и настапи со „Црно и бело“ и „Опрости“.
Лукијан Ивановиќ и Харис Ќато добија најмал број гласови и за нив остана музичкиот двобој. На крајот стана јасно дека младиот Ќато го напушта шоуто.