Стефан Филиповски ужива во моментите поминати со својата внука Лиана и не пропушти можност да ги сподели со своите обожаватели.
Музичарот од Next Time сподели преслатки фотографии со ќеркичката на неговиот брат-близнак Мартин.
Во описот, Стефан напиша: „Образи на чичо“, ставајќи акцент на блискоста и љубовта која ја чувствува кон внуката.


Лиана се роди во октомври минатата година. Таа е ќерка на Мартин и македонската ракометарка Андреа Белеска.



