Македонците беа исправени пред нова елиминација во „X Factor Adria“. Жељко и Кристина ги избраа своите фаворити, а Даниел Кајмакоски и Филип Јаневски – Фифи се најдоа меѓу нив.
Даниел со солзи ја дочека веста на Жељко дека продолжува во полуфиналето. Талентираниот 29-годишен натпреварувач ја испеа „When I Was Your Man“ од Бруно Марс.
Фифи настапи заедно со Маринела Џогани со песната „I Was Here“ од Бијонсе.
Браќата Раденови не успеаја да ја убедат Кристина дека го имаат она што е потребно за да продолжат понатаму.
За големата одлука Жељко ја доби помошта на Тони Цетински, додека на Кристина во изборот ѝ помагаше Леонтина Вукомановиќ.
Првата емисија во живо ќе се емитува на 7 јануари.