Даниел Кајмакоски несомнено е фаворит за освојување на првото место во шоуто „X Factor Adria“ и веќе сите од него очекуваат само фантастични настапи.
Синоќа 30-годишниот Македонец го зароби вниманието на гледачите со впечатлива изведба на хитот „Сонце не ме грее“ од Влатко Лозаноски. Неговите бројни фанови му подарија доволно гласови за да биде спасен од елиминација.
Од друга страна, Фифи немаше успешна вечер. Публиката не беше доволно дарежлива кон групата H2O по настапот со „Чувам те“ од Александра Радовиќ. Кога дојде ред на жирито да избере кој ќе остане во шоуто, Александра Секулиќ ги придоби нивните гласови.