Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Настапите на Даниел Кајмакоски и Фифи со „Чија си“ и „Monday Morning“

ВИДЕО: Настапите на Даниел Кајмакоски и Фифи со „Чија си“ и „Monday Morning“

Македонците ја „преживеаја“ синоќешната елиминација во „X Factor Adria“. Публиката им даде најмалку гласови на Маја Новаковиќ и групата 4U. По музичкиот двобој, жирито одлучи да ги зачува четирите девојки и Маја го напушти шоуто.

Даниел Кајмакоски се претстави со „Чија си“ од македонската музичка легенда Тоше Проески. Големиот балкански хит не се покажа како преголем залак за шармантниот Македонец и публиката уживаше во одличен настап.

Жељко Јоксимовиќ ги разбранува социјалните мрежи откако искоментира дека Даниел за првпат запеа на својот мајчин јазик, кога всушност „Чија си“ е на српски. Сепак, набрзо по гафот, тој јавно се извини за грешката и најави дека Даниел допрва ќе пее песна на македонски јазик.

Дуото H2O сочинето од Фифи и Маринела Џогани настапи со „Monday Morning“ од Мелани Фиона. Нивниот настап поттикна позитивни коментари од жирито поради позитивната енергија која ја донесоа на сцената.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.