Венко Филипче денес се сретна со малиот Јане Велковски. Министерот за здравство и инспиративното момче со спинална мускулна атрофија си ветија дека по завршувањето на коронакризата, ќе одат заедно во кино.
Почитувајќи ги препораките за заштита сите присутни носеа маски.
„Можеби коронавирусот нѐ спречи да одиме во кино со Јане, но денеска после 4 месеци конечно се видовме! Секоја дружба со него е вредна! Горд сум кога гледам дека и тој е среќен. Минатата година, нашиот Јане почна да го прима лекот Спинраза. За првпат овој лек го воведовме во нашата земја. Тој и уште 6 дечиња ја примаат потребната терапија. Го даваме својот максимум за грижа за пациентите со ретки болести. За две ипол години воведовме 7 нови лекови за да им овоможиме подобар начин на живот. И во услови на ковид-19, оваа група на пациенти се обезбедени со потребните лекови. Двајцата се договоривме продолжуваме да ги почитуваме мерките за заштита, а веднаш потоа и ќе го реализираме планот кој заеднички го договоривме - одиме во кино!“ – напиша Филипче во описот на фотографијата.
„Само лицата од ранливи категории ќе бидат во ризик. Вашето ‘само’ мене ми е сè’ – пишува на фотографијата на Јане.
Да ги почитуваме препораките, да одржуваме дистанца, да носиме маски и редовно да ги миеме рацете. Само така побрзо ќе ја надминеме оваа криза.