На редовната прес-конференција, министерот Венко Филипче ги информира граѓаните за ситуацијата со коронавирусот во земјата.
Прес на Венко Филипче (16:00)
Пред три часа беше објавено дека вкупниот број на заболени во државата е 201, од кои 195 се активни случаи, 3 се излекувани и 3 починати.
Што се однесува до местото на живеење, дијагностицирани се лица од Скопје, Дебар, Штип, Гостивар, Куманово, Охрид, Кавадарци, Прилеп, Велес и Тетово.