Војвотката Кетрин им се враќа на кралските должности со средби „лице в лице“, што досега не беше можно поради пандемијата со коронавирусот.
Славната припадничка на британското кралско семејство посети хоспис за деца во Норфолк, каде се сретна со семејства на болни дечиња и помогна во уредувањето на градината.
Со широка насмевка, војвотката од Кембриџ ширеше ведрина во установата за палијативна нега.
За посетата, таа избра цветен фустан од Faithfull the Brand и светли еспадрили. Без да се грижи дали ќе се извалка, таа помагаше во засадувањето на лаванда и јаготки.
Кетрин се дружеше и со 6-годишниот Сони Сондерс, на кого му бил дијагностициран агресивен тумор на мозокот непосредно по 6-тиот роденден, како и со неговото најблиско семејство.