Почетна » Новости » Занимливости » Блогерка ги открива лукавите пози за „совршени“ Instagram фотографии и реално го покажува своето тело

Блогерка ги открива лукавите пози за „совршени“ Instagram фотографии и реално го покажува своето тело

Блогерка гордо го покажува своето тело, целулитот и стриите, откривајќи ги итрите пози кои инфлуенсерките ги користат за да изгледаат „совршено“ на фотографиите.

Целта на Денеј Марсер е да покаже дека социјалните мрежи не се реалност и да им порача на жените да не се споредуваат со другите. 33-годишната новинарка со години работела со модели и инфлуенсерки во фотосесии и одлично ги знае триковите за позирање кои создаваат илузија што не ја одразува реалната слика.

Денеј Марсер Денеј Марсер Денеј Марсер Денеј Марсер

Таа редовно им покажува на своите речиси 2 милиони фанови како промената на осветлувањето, виткањето на колковите наназад и поставувањето на нозете во одредени агли може целосно да го промени изгледот на нивното тело.

Видеа

„Она што го гледате vs. Она што не го гледате“ – стои во описот на фотографиите на Марсер.

„Двете фотографии се од МЕНЕ. Меѓу нив има само неколку секунди. Единствената разлика е начинот на кој позирам, го виткам мојот грб и го местам аголот во зависност од светлината. Во првата го кријам мојот целулит со сенките, го истакнувам задникот и силно ги стегам стомачните мускули за традиционална ‘инста’ поза. На втората фотографија позирам ‘нормално’“ – пишува таа.

Денеј Марсер Денеј Марсер Денеј Марсер Денеј Марсер

„Не се мерете себеси со туѓ линијар“ – вели Денеј, која во минатото имала пореметување во исхраната.

Денеј Марсер Денеј Марсер

„Сакам да им се обратам на младите девојки кои ја споредуваат нивната фигура со фигурата на другите. Или на мајката која ја штипе кожата со рацете и сака да ја откорне. Или на тинејџерката која пребарува по сајтовите статистики за некако, во некоја невидлива трка, да може да победи. Сакам да ви кажам дека вашето тело не е мое. Мојата фигура не е ваша. Бројките немаат никаква врска со вашата вредност, со нашата цел на планетата. Ние сме многу повеќе од нив“ – пишува таа.

„Девојки, престанете да се обидувате да ги усреќите сите. Кога се обидуваме да им угодиме на сите, ние стануваме никој. Исчезнуваме. Се губиме себеси. Верувајте ми, сум била на тоа место. НИКОГАШ нема да можеме да ги усреќиме сите. Невозможно е. Луѓето се комплексни, нивните размислувања варираат и се силни. Тоа е во ред, тоа е ПРЕКРАСНО. Биди она што си малечка, го можеш ти тоа“ – им порачува Денеј на младите девојки.

Денеј Марсер Денеј Марсер Денеј Марсер Денеј Марсер

Таа го потенцира фактот дека 80-90% од жените имаат целулит и дека тоа не е воопшто срамно.

„Кој ни вели дека целулитот е лош? Кој сака да нè засрами што имаме стрии? Кој ги создава овие идеи за убавината? Трошам многу време во обид да разберам што е она во што верувам наспроти она во што ми велат дека треба да верувам, но во меѓувреме се потсетувам дека треба да бидам благодарна за сите кул нешта кои моето тело може да ги направи, а не само да се фокусирам на неговиот изглед“ – изјавила таа.

Денеј Марсер Денеј Марсер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22195 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.