Мекензи Скот застана на врвот на листата на најбогати жени во светот.
Богатството на поранешната сопруга на Џеф Безос, основачот на Amazon, порасна за време на корона-кризата. Од почетокот на годината досега, 50-годишната Американка додаде 30,3 милијарди долари на банкарската сметка. Таа поседува 4% од акциите на Amazon.
Во моментот, богатството на Мекензи се проценува на 67,4 милијарди долари. Тоа ја прави не само најбогата жена, туку и 12-та најбогата личност на светот.
Акциите на Amazon нагло пораснаа од 2.000 на 3.500 долари откако луѓето започнаа сè повеќе да купуваат онлајн поради пандемијата.
Скот се смести меѓу најбогатите личности на светот по нејзиниот развод од Безос во јануари минатата година. Тие се венчаа во 1993 година, една година пред тој да ги постави темелите на Amazon.