Почетна » Новости » Занимливости » Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, се разведува по 25 години брак

Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, се разведува по 25 години брак

Џеф и Мекензи Безос објавија дека се разведуваат по 25-годишен брачен живот. Парот, кој има четири деца, ја објави веста за разделбата на Twitter.

Безос

„Одлучивме да се разведеме и да ги продолжиме нашите заеднички животи како пријатели. Се чувствуваме неверојатно среќни што се најдовме еден со друг и имаме длабока благодарност за секоја од годините кои ги поминавме во брак. Ако знаевме дека ќе се разделиме по 25 години, повторно би направиле сè исто“ – стои во соопштението.

54-годишниот бизнисмен и филантроп, кој стои на чело на Amazon, „тежи“ 137 милијарди долари и моментално е најбогат човек на светот. Сепак, ако со разводот тој и 48-годишната писателка го поделат богатството, ќе има промени во рангирањето. Така, доколку Мекензи добие половина од богатството, таа ќе стане најбогатата жена на светот, а Џеф ќе падне зад Бил Гејтс кој повторно ќе застане на врвот на листата на најбогати.

Безос

Џеф и Мекензи се венчаа во 1993 година, а веќе следната година, тој ги постави темелите на Amazon.

БезосЏеф и Мекензи во 2005 година

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21003 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.