Почетна » Новости » Занимливости » 27-годишна мајка од Србија роди бебе тешко речиси 6,5 кг и долго 68 см

27-годишна мајка од Србија роди бебе тешко речиси 6,5 кг и долго 68 см

Во Србија се роди бебе тешко 6,42 килограми и долго 68 сантиметри.

Мајката Сузана Кучина се породи изминатиов викенд со царски рез и на овој свет го донесе синчето Павле.

Семејството воопшто не очекувало дека бебенцето ќе се роди толку големо. „По ултразвукот докторот рече дека има околу 4,2 кг“ – открила мајката.

Сузана и Павле

Ова е трето дете на Сузана, а прво од бракот со нејзиниот сегашен сопруг. Таа има 7-годишен син и 5-годишна ќерка од првиот брак.

Другите нејзини деца биле родени со нормална тежина од 3,7 кг.

„Немаше разлика во однос на првите две бремености. Единствено можеби јадев малку повеќе, но само солени оброци и бев побавна. Сега знам зошто, бидејќи бебето беше навистина големо. Не знам како порасна толку, но многу сме среќни. Најважно од сè е што сè помина како што треба“ – изјавила 27-годишната мајка.

Сузана и Павле

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.