Дејвид Бекам оваа година слави јубилеј. Поранешниот фудбалер со забава еден месец порано го одбележа својот 50-ти роденден.
Атрактивниот Англичанец се веселеше и позираше со сопругата Викторија, ќерката Харпер, синовите Ромео и Круз и нивните девојки Џеки и Ким.
Целото семејство изгледаше гламурозно и елегантно.




На забавата присуствуваа многу пријатели на Бекам, меѓу кои и Лионел Меси со сопругата Антонела, Марк Антони со сопругата Надиа, Луис Суарез со саканата Софи, Шекил О’Нил, Том Брејди и Џастин Теру.
Забавата на Дејвид ја пропушти само неговиот најстар син Бруклин, кој беше на одмор со сопругата Никола.

















