Почетна » Новости » Животни стории » ФОТО: Девојка која за малку ќе ја изгубеше битката со анорексијата сега инспирира на Instagram

ФОТО: Девојка која за малку ќе ја изгубеше битката со анорексијата сега инспирира на Instagram

Хана Костлер пред четири години била на работ на смртта. Причината? Анорексија.

Фотографиите на кои се гледаат сите коски на телото на 22-годишната девојка ја покажуваат страшната реалност на болеста која го поматува разумот. За среќа, Хана успеала да се извлече од канџите на анорексијата и денес е среќна и здрава девојка која инспирира на Instagram.

Хана Костлер

„Знам дека фотографиите се вознемирувачки, но тие се моето патување и не треба да го вртиме погледот од вистината. Анорексијата е злобна болест, го уништува и телото и умот. Се надевам дека моите фотографии ќе ги оттурнат луѓето од развивањето на нарушување во исхраната и ќе ги инспирира оние кои веќе имаат нарушување да побараат помош“ – вели Хана.

Хана Костлер Хана Костлер

Во своите објави на Instagram, таа ја опишува борбата со анорексијата и мрачните моменти кога екстремно си ги ограничувала оброците. Освен што се мерела на вага по 10 пати дневно, таа консумирала само по 100 калории дневно (зеленчук, оризови бисквити и вода).

„Пред 4 години бев спасена. Бев на лош пат на самоуништување со моето нарушување во исхраната и бев премногу болна за да го сфатам тоа. Во моите очи, сè уште бев недоволно слаба. Сè уште не бев доволно добра. Не можев да го видам она што го гледаа другите.“

„Не сфаќав зошто моите родители се толку загрижени за мене. Не разбирав зошто брат ми престана да ми зборува. Моето семејство беше таму, страдајќи покрај мене.“

„Сè уште се сеќавам низ што сè ги принудив да поминуваат кога бев во длабочините на моето нарушување во исхраната и ме вчудовидува што болеста ме тераше да правам. Жалам за сите испади што ги имав кога ме форсиравте да јадам, жалам што фрлав чинии по вас, што ве касав и клоцав и што ви врескав.“

„Целосно се изолирав себеси од сите околу мене. Не ми беше гајле за ништо друго освен за тоа колку јадев и што вежбав. Постојано ми беше ладно и се тресев, дури и во лето. Косата ми опаѓаше. Бев слаба и без енергија. Но, додека се случуваше сето ова, моето нарушување во исхраната беше силно и доминантно и не ми дозволуваше да ја видам вистината. Никогаш не поверував дека имам нарушување во исхраната сè до моментот кога речиси беше предоцна.“

„Со едната нога бев в гроб и немаше да го преживеам викендот ако не беше тој специјален петок, пред 4 години.“

„На 7 септември 2012 година бев примена во одделот за интензивна нега во најдобрата болница во Австралија“ – пишува Хана.

И покрај големата штета која Хана си ја направила на својот организам, докторите успеале да ја опорават.

Хана Костлер Хана Костлер Хана Костлер Хана Костлер Хана Костлер

„Сакам да им помогнам и да ги инспирирам другите кои страдаат од ментални болести и да им покажам дека не се сами во таа битка и дека е возможно да бидат подобро, дури и ако целосно изгубиле контрола врз себе и болеста го контролира секој аспект од нивниот живот“ – пишува Хана на својот профил.

Сега, борбената девојка е веганка и редовно објавува фотографии од своите здрави оброци.

Хана Костлер Хана Костлер Хана Костлер Хана Костлер Хана Костлер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20805 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.