Почетна » Новости » Животни стории » Бруталната вистина за модната индустрија: 8 месеци откако станала манекенка, развила анорексија

Бруталната вистина за модната индустрија: 8 месеци откако станала манекенка, развила анорексија

Манекенка, која ја намалила својата тежина до 45 килограми во обид да се вклопи во стандардите за убавина на модната индустрија, ја откри темната страна на нејзината професија.

За да ја добие работата од своите соништа и да биде дел од модниот свет, Виктуар Дуксер се изгладнувала себеси, јадела само 3 јаболка на ден и земала лаксативи. Екстремниот режим на исхрана резултирал со појава на анорексија, отсуство на менструација, опаѓање на косата, како и до влакнатост по целото тело.

Виктуар Дуксер Виктуар Дуксер Виктуар Дуксер Виктуар Дуксер Виктуар Дуксер

Дуксер била забележана од моден агент на улиците на Париз на 17-годишна возраст, додека пазарувала со својата мајка. Тој ѝ кажал дека таа има потенцијал да стане следната Клаудија Шифер и ја одвел во една од водечките модни агенции, „Elite“. Виктуар тогаш тежела околу 57 килограми и била висока 177 сантиметри, но за модната индустрија тоа било премногу.

Поттикната од ветувањата дека ќе чекори на ревиите за светски познати брендови, таа започнала да се изгладнува себеси и да зема лаксативи за да се собере во премалата облека.

„Многу е лошо и штетно. Не ти велат дека треба да намалиш 10 килограми за два месеци. Она што ти го велат е дека ти си големина 34, а облеката за Париската модна недела е 2 броја помала од тоа, а ревиите се за два месеци... Секогаш кога ќе се вратиш во агенцијата ослабена, тие буквално ти аплаудираат.“

„Колку повеќе слабеев, толку повеќе работа добивав – па поради тоа продолжував да слабеам. Индустријата ти кажува дека за да бидеш убава, мораш да бидеш слаба и болна и без карактер.“

„Започнав да земам лаксативи... Кога и тие престанаа да делуваат, започнав да користам клизма. Бев совршена за облеката, но тоа беше ужасно за моето тело.“

„Половина од мојот живот го поминував во тоалетот, стомакот ме болеше и постојано ми се повраќаше, но барем не чувствував глад. Ова е штетно за моделите и е штетно за обичните жени кои ги гледаат моделите и сакаат да изгледаат како нив“ – открива таа.

Виктуар Дуксер Виктуар Дуксер Виктуар Дуксер Виктуар Дуксер

Виктуар сега има 24 години и отворено зборува за своeто искуство, иако како што тврди таа, во модната индустрија има кодекс на молчење. „Манекенките би рекле дека лажам. Но, тие не смеат ништо да кажат. Постои кодекс на молчење. Мислам дека сите врвни манекенки имаат некаков тип на пореметување во исхраната. Ако сакаш да се собереш во облеката, немаш никаков избор.“

„Некои од моите пријатели земаа кокаин затоа што го потиснува гладот. Други повраќаа. Една моја пријателка јадеше само по една бисквита на ден и ништо друго“ – вели таа за бруталната вистина во светот на модата.

Виктуар Дуксер Виктуар Дуксер Виктуар Дуксер

Храбрата девојка ја има напишано книгата „Size Zero: My Life As A Disappearing Model“, во која зборува за арогантните модели, грубите модни агенти, суровите дизајнери и бескрајниот притисок врз манекенките да бидат што послаби. Таа тврди дека тоа е свет каде моделите се игнорирани и третирани како „парче месо на пазар“.

„Понекогаш се чувствуваш како проститутка. Буквално си гола цело време. Ти велат да водиш љубов со камерата. Многу е вознемирувачко. Еднаш, за еден познат бренд, морав да носам само танга и високи потпетици додека мажите одговорни за кастингот пиеја шампањ. Ти си парче месо“ – вели таа.

Виктуар Дуксер Виктуар Дуксер

Како и кај повеќето девојки со анорексија, нејзините раце и нозе биле прекриени со нежни влакненца. „Тоа беше како телото да ги замена масните наслаги со влакна за да се заштити себеси од студот“ – вели таа.

Виктуар Дуксер

Виктуар смета дека агенциите намерно избираат млади тинејџерки кои нема да се спротивстават на барањата на модната индустрија „Тие те ангажираат кога си најранлива, на 16 или 17 години. Го сакаат телото на малите девојки.“

„Јас бев само закачалка и алиштата беа поважни од мене. Ја губиш самодовербата. Никој не те вика по име. Од тебе се очекува да не зборуваш. Нема чест или почит“ – пишува 24-годишната авторка.

Очајната девојка еднаш се обидела да се самоубие затоа што сакала да ја убие болката, но по три месеци рехабилитација и терапија со примање калциум, се опоравила.

„Повторно започнав да добивам менструација, но некои од моите пријателки сега се неплодни на 24 години. Не можам да кажам дека сум целосно опоравена. Тоа би било лага“ – вели таа.

Виктуар се откажала од кариерата како модел пред 6 години, и сега живее во Лондон. Таа бара промени во модната индустрија за да прекине уништувањето на женски животи.

Виктуар Дуксер Виктуар Дуксер Виктуар Дуксер Виктуар Дуксер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.