Почетна » Новости » Животни стории » Анорексична девојка тешка 45 кг целосно си го промени животот благодарение на Instagram

Анорексична девојка тешка 45 кг целосно си го промени животот благодарение на Instagram

Анорексична девојка, која пред три години тежела само 45 килограми, целосно си го преобрази телото и животот, инспирирана од фотографија на Instagram. Сега, со својот фит изглед и здравата исхрана таа се обидува да ги инспирира илјадниците обожаватели кои ја следат на популарната социјална мрежа.

Силвија Фашанс Силвија ФашансСилвија Фашанс две години по почетокот на трансформацијата Силвија Фашанс Силвија Фашанс

Силвија Фашанс од Италија започнала да се изгладнува себеси и развила булимија на 18 години, кога го напуштила кошаркарскиот клуб во кој тренирала и кога починале нејзините баба и дедо. За кратко време, нејзината тежина достигнала 45 килограми, а Индексот на телесна маса (БМИ) ѝ бил само 14,1.

„Во моментот кога ја напуштив соблекувалната, моите соиграчи, кои ми беа како сестри, никогаш не помислија на мене. Поради тоа, се чувствував напуштено и бесполезно. Мислите за ограничување на храната започнаа да ме надвладуваат“ – вели 22-годишната девојка.

Силвија помислувала на самоубиство, започнала да ги намалува своите порции и да повраќа по петпати на ден по секое јадење. Кога нејзините загрижени родители ја натерале да се качи на вага, таа ставила тежина во долната облека за да има повеќе килограми.

Силвија Фашанс Силвија Фашанс Силвија Фашанс Силвија Фашанс

Друштвениот живот на младата девојка започнал сериозно да се нарушува, бидејќи таа целосно се изолирала од светот.

„Изгубив секаков контакт со светот – бевме само јас и чудовиштето кое ми седеше на рамото и ми аплаудираше кога ќе гладував. Сакав да исчезнам од овој свет и моите чувства се одразуваа на моето тело. Телото ми беше празно, изгуби форма и се намали до кожа и коски“ – открива таа.

Инспиративната Италијанка започнала да го менува својот начин на живот откако видела фит девојка со тонирано тело на Instagram. „Instagram ми го спаси животот, давајќи ми поглед во реални животни приказни за кои докторите ми кажуваа. Ми требаше доказ и Instagram ми го даде. Нешто ми светна и започнав да размислувам дека и јас можам да бидам таа девојка“ – вели Силвија за поводот за нејзината трансформација.

Кога Силвија изразила желба пред својата докторка за тренирање, таа ѝ рекла дека не треба да вежба. Но, со помош на својот брат, упорната девојка започнала редовно да тренира со тежина, а нејзиното тело се трансформирало од „изгладнат скелет“ во тонирано и силно.

Силвија Фашанс Силвија Фашанс Силвија Фашанс Силвија Фашанс

„Не е лесно. Не можеш само да одлучиш да го направиш и тоа да се случи магично. Анорексијата целосно ми го промени животот на полошо и јас ја искористив како средство за да го променам мојот живот кон најдобро“ – открива Фашанс.

Сега Силвија тежи речиси 60 килограми и има свој профил на Instagram каде ја следат повеќе од 50.000 лица.

„Смешно е кога ќе помислам дека пред неколку години храната беше мој кошмар, а сега е мој главен извор на среќа. Сакам да продолжам да мотивирам и да го споделувам моето минато и сегашноста со луѓето“ – вели таа.

Силвија Фашанс Силвија Фашанс Силвија Фашанс Силвија Фашанс Силвија Фашанс Силвија Фашанс Силвија Фашанс Силвија Фашанс Силвија Фашанс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.