Почетна » Новости » Животни стории » Анорексична девојка која тежела 30 кг и била на работ на смртта го трансформираше својот живот и телото

Анорексична девојка која тежела 30 кг и била на работ на смртта го трансформираше својот живот и телото

Преслаба девојка, која била на работ на смртта, целосно го промени својот начин на живот и своето тело и сега инспирира на Instagram.

Сара Рев Сара Рев Сара Рев Сара Рев Сара Рев

Сара Рев тежела само 30 килограми, внесувала само 300-400 калории и тренирала по три часа дневно кога била суспендирана од факултет поради здравствени проблеми. Тоа бил моментот кога таа избрала нов почеток и си ветила дека ќе стане подобра личност.

За Body and Soul, 20-годишната девојка ја раскажа својата приказна со сите нејзини подеми и падови.

Сара Рев Сара Рев Сара Рев Сара Рев

Во изминатите неколку години, развив сериозно нарушување во исхраната, поради кое за малку не го изгубив животот. Кога бев најслаба имав 30 килограми, а БМИ 10. Оттогаш имам покачено 19 килограми, а мојот БМИ е во „здравите“ граници.

Мојата приказна е многу повеќе од физичка трансформација. Тоа е приказна за ослободување од еден ментален склоп кој ме спречуваше да искористам многу можности, кој уништи многу мои врски и долго време ме лишуваше од среќата.

Во моите најлоши моменти внесував само 300-400 калории дневно. Мојот појадок се состоеше од чаша безмастен јогурт без додадени шеќери. Мојот ручек се состоеше од протеинска плочка и чаша диетална кока-кола, а вечерата ми беше ограничена на зеленчук како марула, тиквички или брокули со ниско калоричен прелив или без ништо. Бев гладна ПОСТОЈАНО и апсолутно го мразев она што го јадев.

Мојот стар тренинг се состоеше од 3-часовно вежбање дневно, што беше лудо и неиздржливо. Во текот на работните денови, станував во 2.30 наутро и трчав час и пол (10-15 километри). По завршувањето на наставата, кревав тегови околу час и пол. Во викендите трчав два и пол часа (20 километри) и кревав тегови уште еден час.

Трчав дури да ми се раскрвавеа стапалата. Имаше денови кога ќе заминев на трчање, и да бидам искрена, не знаев ни дали ќе се вратам дома жива. Но, не можев да запрам. Колку и да го мразев секој момент, не можев да пропуштам ниту едно трчање.

Ако пропуштев, чувството на апсолутен неуспех и вина целосно ме обземаше, и не си дозволував да јадам. Тоа беше моја казна што не бев „доволно силна“. Животот ми се вртеше околу вежбањето и храната.

Сара Рев Сара Рев Сара Рев

На почетокот, Сара одлично го прикривала своето слабеење од блиските со помош на широка облека, но откако слабеењето ѝ преминало во болест, прикривањето било невозможно.

Во моите најлоши моменти, бев преслаба за да ја отворам вратата од автомобилот, да го подигнам ранецот од подот или да се качам по скали. Бев екстремно нервозна и секогаш ми студеше. Носев три или четири џемпери и два пара хеланки под панталоните и пак чувствував болен студ.

Сара Рев Сара Рев

Имаше и мноштво предупредувачки симптоми како опаѓање на косата, модрици и тешко крварење од носот секој ден по трчањето. Имав отворени рани на аглите од усните, па отворањето на устата ми беше неверојатно болно и не можев да зборувам и да јадам. Бев кожа и коски и ми беше болно да седам на столица или да лежам на кревет. Секој ден се будев со модра, раскрвавена крсна коска на грбот.

Сара одлучила да го промени својот начин на живот кога била принудена да паузира со факултетот. „Ми рекоа дека ќе можам да се вратам само со одобрување од мојот матичен лекар и од психолог. Не постои нешто што повеќе посакувам од тоа да бидам доктор... Веднаш штом сфатив дека болеста ја загрозува мојата иднина, започнав да правам сè што е во моја моќ за да ја победам и да бидам подобра“ – објаснила во својот текст.

Сара Рев Сара Рев Сара Рев

Таа ги прекинала тренинзите цели два месеци и започнала да јаде храна од која претходно се ежела, како палачинки, бургери и брза храна, и да ужива во јадењето. Сега, Сара вежба само со тегови кога има желба за тоа.

Упорната девојка тврди дека патот кон закрепнување и извлекување од канџите на анорексијата е многу тежок, но дека вреди.

„Кога се навраќам на фотографиите ‘пред’ срцето ме боли. Срцето ме боли за девојката која што бев тогаш. Ужасите на кои го подложив нејзиното тело додека си мислев дека тоа е ‘здраво’ и ‘добро за мене’, а всушност се лишував од многу нешта. Се лишував себеси од живеење. Лудост е што тогаш не сфаќав колку ужасно се однесував кон моето тело. Тешко е да не се обвинувам себеси. Но, вината нема да ми помогне. Сега можам само да учам од моите грешки. Можам само да растам од моето искуство. ‘Патувањето е долго и стрмно, но глетката од врвот е неверојатна’“ – напиша Сара на Instagram.

Сара Рев Сара Рев Сара Рев

„Се разбира дека надминувањето на нарушување во исхраната е многу полесно на збор, а потешко на дело. Да бидам искрена, тоа е најтешкото нешто што некогаш сум го направила во животот и сè уште сум на пат кон целосно опоравување. Но, знаев дека го имам тоа во мене, знаев дека никој друг не може да ја извојува оваа битка наместо мене и знам дека е најдоброто нешто што сум го направила за себе во мојот живот“ – пишува таа.

Сара Рев Сара Рев Сара Рев Сара Рев Сара Рев Сара Рев Сара Рев Сара Рев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.