Сантијаго Мендоза има само 8 месеци, а неговата тежина веќе достигнала 20 килограми.
Малото момче, кое се смета дека е најдебелото бебе во Колумбија, деновиве беше згрижено од фондацијата „Gorditos de Corazon“ со цел да добие соодветна медицинска помош поради преголемата тежина.
Фондацијата се согласила да го прими Сантијаго откако мајката стапила во контакт со волонтерите и побарала да ѝ помогнат. Таа им признала дека е виновна за дебелината на Сантијаго, бидејќи секогаш кога плачел, таа го смирувала со храна и млеко.
Докторите се едногласни дека поради дебелината кај Сантијаго е зголемен ризикот од многу болести како дијабетес, хипертензија и срцеви заболувања, па нивната мисија е намалување на тежината без одложување.