Почетна » Новости » Истражувања » И кај мажите дебелината влијае врз самодовербата во спалната

И кај мажите дебелината влијае врз самодовербата во спалната

Не се само жените жртви на ниска самодоверба во спалната како резултат на дебелината. И кај мажите изгледот на телото влијае врз сексуалниот живот.

Британско истражување покажа дека секој трет маж има помала самодоверба во спалната кога ќе му се зголемат килограмите. Дебелината не само што влијае лошо на начинот на којшто мажите се претставуваат в кревет, туку влијае негативно и на нивната желба за секс. Мажите кои се чувствуваат непривлечно, поретко иницираат секс.

Пар во креветНа секој трет маж му се намалува самодовербата со зголемувањето на килограмите

Секој четврт учесник во истражувањето размислувал или започнал да држи диета со цел да го зголеми своето либидо.

Според истражувањето, дури 65% од мажите признале дека во одредени периоди имаат проблеми со желбата за секс или ерекцијата и повеќе од половина од нив не разговараат со својата партнерка за тоа.

За разлика од жените, мажите поретко бараат стручен совет кога имаат некаков проблем. Повеќе од 40% од мажите радо би побарале совет и помош на интернет, наместо да посетат стручно лице.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.