Три сестри добија можност повторно да го слушнат чукањето на срцето на нивниот покоен татко откако се запознаа со човекот на кој му беше трансплантирано истото.
Касандра, Меридин и Кијана со големи емоции слушаа како срцето на татко им Естебан чука во градите на Питер Турзер.
„Ова е нешто што татко ми би бил пресреќен да го види“ – рекла Касандра.
Естебан имал само 39 години кога во 2019 година, поради здравствени проблеми, паднал во кома. Една недела подоцна, неговата најстара ќерка Касандра ја донесла најтешката одлука да ги исклучи апаратите кои го одржувале во живот и да ги донира неговите органи, онака како што тој посакувал.
Таа нејзина одлука го спасила животот на Питер, кој очајно имал потреба од ново срце.
Во 2016 година, Питер имал сообраќајна несреќа и откако му била направена операција на отворено срце, паднал во кома. Кога требало да му бидат исклучени апаратите, се случило чудо и тој се разбудил. За жал, тоа не било крај на неговите здравствени проблеми. По кратко време неговата нога била ампутирана и се кандидирал за трансплантација на срце.
Операцијата за трансплантација на срцето на Естебан кај Питер била успешна и тој е благодарен што доби втора шанса за живот.
„Секој ден се будам и мојот херој е горе. Тоа е прекрасен благослов кој Бог ни го подари и во никој случај не го земам здраво за готово“ – рекол Питер.
Двете семејства започнале да комуницираат и 4 години по трансплантацијата лично се сретнаа.
„Беше како да е тука кога со слушнав неговото срце. Ми дојде толку природно да го гушнам Питер. Чувствував како да го гушкам Тато. Чувствував како да сум дома“ – рекла Кијана.
„Се сретнавме со Питер и тоа е токму она што би го сакал нашиот татко. Се обложувам дека е многу среќен што спаси нечиј живот. Го знам тоа. Го чувствувам тоа“ – рекла Касандра по средбата.
Сите се надеваат дека нивната приказна ќе инспирира и други лица да донираат органи за да спасат живот.
@todayshow When Kisandra Santiago made the decision to donate her dad's heart in 2019, she made it her mission to find the recipient so that she and her siblings could hear their dad's heartbeat again. Four years later, it happened. "This is something that my dad would be so happy to see," Santiago, a 22-year-old from Meriden, Connecticut, told NBC Connecticut. "To know that someone else is alive and breathing and with their family because of him." #goodnews #goodnewsontiktok #TodayShow @nbcconnecticut ♬ original sound - TODAY Show