Доктор поставува пример кој сака другите луѓе да го следат.
Али Алсамара не се двоумел дали да донира коскена срцевина кога добил повик дека е компатибилен дарител за болно детенце.
Добродушниот кардиолог брзо одговорил на повикот и ја поминал процедурата за трансплантација. Сега го споделува своето искуство за да ја зголеми свеста кај луѓето за важноста од запишување во регистерот со потенцијални дарители.
Али бил инспириран и самиот да се запише во него откако негов пријател, кој се борел со леукемијата, бил спасен со трансплантација на коскена срж.
„Се надевам дека оваа порака ќе стигне до повеќе луѓе за да бидат свесни за програмата за донирање коскена срцевина, бидејќи тоа ќе го збогати базенот со повеќе донации, а со тоа и потенцијалните компатибилни дарители за оние кои имаат потреба од тоа. Треба да се зголеми свеста и да се едуцираат луѓето за потенцијалната терапија која може да спаси живот“ – вели тој.