Почетна » Новости » Занимливости » Емотивен момент: Татко дознава дека ќерка му е анонимниот донор на бубрег кој му го спаси животот

Емотивен момент: Татко дознава дека ќерка му е анонимниот донор на бубрег кој му го спаси животот

Родителите ќе направат сé за доброто на нивните деца, но понекогаш тоа го прават и децата.

Татко не можеше да си ги задржи солзите кога дозна дека анонимниот донор на бубрег, кој му го спаси животот, всушност е неговата ќерка.

Дилејн Науман го сподели емотивното видео од моментот кога ќе му ја открие на татко си тајната која ја криела од него во претходните 8 месеци.

@hoperisesnews She kept it a secret for 8 months! She didn't hesitate to give up her healthy kidney to save his life #HopeRises #kidneydonor #organdonor ♬ original sound - Kate Glaser

Несебичната девојка решила да направи тестови за да провери дали е соодветен донор кога дознала дека бубрезите на татко ѝ откажуваат. Тој воопшто не знаел дека личноста којашто му го дарува овој бесценет дар е неговата ќерка.

Поради големиот интерес за состојбата по операциите, Дилејн објави уште едно видео со фотографии направени во болницата и напиша дека двајцата се веќе дома и се опоравуваат.

Дилејн Науман Дилејн Науман Дилејн Науман Дилејн Науман

Таа доби многу аплаузи за постапката:

„Ова е неверојатно! Тој ти даде живот, а ти го спаси неговиот! Ти си неверојатна ќерка. И јас би го направила истото.“

„Не е ли донирањето најдоброто чувство? Јас му донирав на брат ми пред две години. Неверојатно е кога го гледам како го живее животот.“

„Ти си неверојатен човек.“

„Ти си жив ангел! Јас сум примател на бубрег. Благодарение на луѓето како тебе, можам да бидам тука за моето семејство! Бог да те благослови тебе и татко ти.“

„Јас сум медицинска сестра на дијализа и не можам да престанам да плачам на ова. Ова е најдоброто видео што сум го видела“ – ова се само дел од коментарите.

@delayne_i 2/19: UPDATE: we both finally get to go home! dad is doing wonderful and i’m trying to catch up to him with my well-being. This has been a long, painful journey but going home is going to help us heal better. This experience has been incredible and I would do it over again if it meant saving my dads life #fyp #kidneydonor Mi favorite song

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19743 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.