Почетна » Новости » Животни стории » Татко со неизлечлив рак сними песна за идните свадби на ќерките на кои тој нема да биде присутен

Татко со неизлечлив рак сними песна за идните свадби на ќерките на кои тој нема да биде присутен

Татко, на кого не му останува уште долго време живот, сними песна за идните свадби на ќеркичките.

Мајкл Хуго Мајкл Хуго

Мајкл Хуго во април минатата година дознал дека има неизлечив рак на мозокот во четврт стадиум. Тој отсекогаш сонувал да танцува со ќерките на нивните свадбени прослави. За жал, лицата со неговата дијагноза живеат околу 14 месеци, па најверојатно, тој сон никогаш нема да се оствари.

Мајкл Хуго Мајкл Хуго

Сакајќи да направи нешто специјално за своите девојчиња, Бриџит (6) и Брук (7), Мајкл испрати апел преку социјалните мрежи до кантри пејачот Тим Мекгро за да го замоли да снимат песна која ќе биде пуштена на нивните свадби.

Апелот стигна до Тим и тој се согласил да сними дует од неговиот хит „My Liittle Girl“ со Мајкл.

Покрај специјалната свадбена песна, Хуго на ќерките се обидува за кратко време да им пренесе што повеќе животни лекции и им има напишано пораки на картички за нивните идни родендени.

„Се обидувам да им кажам колку многу ги сакам без разлика дали сум тука или не“ – вели тој.

Мајкл Хуго

Семејството сподели фотографии од снимањето, но видеата ќе бидат зачувани за свадбите на Бриџит и Брук.

„Ти благодариме Тим Мекгро. Ти создаваш музика која ги допира срцата на луѓето и ги потсетува на она што е важно. Ти си неверојатен фамилијарен човек и татко на девојчиња, исто како Мајкл... Песната со Мајкл ќе биде комбинирана со видео кое ќе го чува нашето семејство“ – пишува на Facebook сопругата на Мајкл, Ванеса.

„Се молиме Мајкл да биде тука и да пее наглас кога Бриџит и Брук ќе пораснат и ќе се омажат. Но, ако Бог има друг план, Мајкл засекогаш ќе биде тука со нас“ – додава таа.

Мајкл Хуго Мајкл Хуго Мајкл Хуго Мајкл Хуго Мајкл Хуго

Спотот за „My Liittle Girl“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.