Почетна » Новости » Животни стории » Суперхеројот на Дунав: Србин спасил 25 животи

Суперхеројот на Дунав: Србин спасил 25 животи

Ренато Грбиќ е вистински херој. 51-годишниот Србин досега има спасено 25 лица кои се обиделе да се самоубијат со скокање од мост на реката Дунав.

Ренато Грбиќ

Неговото прво спасување било пред 15 години и оттогаш неговиот живот се променил.

Еден ден, додека Ренато ловел риба задно со својот брат, слушнал прскање на водата. Во првиот момент си помислил дека некој фрлил нешто од мостот во реката, но потоа здогледал маж во водата. „Побрзавме и го извлековме мажот од водата. Се сеќавам дека му реков: Толку убав ден, а ти сакаш да се самоубиеш!“ – раскажал Ренато.

Оттогаш поминале 15 години, но добродушниот сопственик на ресторан нема намера да се откаже од својата работа како спасувач на животи. „Не би можел да им свртам грб. Тие се очајни луѓе“ – рекол тој.

Колку и да вложува напори, сепак Ренато не успева да ги спаси сите кои се обидуваат да си го одземат животот. „Кога ќе слушнам дека некој скокнал, а јас не сум бил таму, се чувствувам лошо. Моите очи се секогаш насочени кон мостот“ – признал тој.

Во текот на годините Ренато спасил најразлични луѓе. Тој се сеќава на сите нив, но тие никогаш не го побарале, а повеќето едвај му се заблагодариле. Некои од нив имале рак, други неизлечиви болести, трети скокнале поради невозвратена љубов или финансиски проблеми. Според зборовите на Ренато, сите тие се чувствувале осамени.

„Тоа е повик за помош. Понекогаш го прават тоа денски за да бидат видени. Сакаат внимание, љубов“ – рекол тој.

Пред неколку недели, 22-годишна девојка скокнала од високиот мост во Белград. Откако Ренато ја спасил, ја запрашал зошто го направила тоа. „За моето момче“ – одговорила девојката. Тогаш Ренато ѝ возвратил: „Дали мислиш дека тој би го направил ова за тебе?“

Ренато Грбиќ

Ренато единствено контактира со една девојка која ја спасил пред 7 години. Додека се подготвувал да си оди дома, Грбиќ слушнал врисок. Девојката скокнала од мостот викајќи „Збогум мамо!“. Тој реагирал брзо бидејќи знаел дека водата е студена и ја спасил. До ден денес таа го посетува ресторанот на Грбиќ за заедно да го прослават нејзиниот втор роденден. „Срцето ми скока секогаш кога ќе ја видам“ – изјавил Ренато.

Младата девојка сега е во брак и има свое дете. Ренато бил и поканет на нејзината свадба. Но, додека бил на свадбената прослава, две девојки скокнале од мостот и се самоубиле. Тој бил повикан да учествува во потрагата, која завршила неуспешно.

За останатите спасени, Ренато нема никакви информации, но вели дека би му било мило доколку би го посетиле во неговиот ресторан. „Им давам втора шанса, а на нив останува да ја искористат правилно. Во идеален случај не би сакал да го правам ова. Само треба луѓето повеќе да си ги почитуваат своите животи“ – рекол тој.

Во Србија, само во изминатава година 1.300 лица си го одзеле животот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20947 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.