Почетна » Новости » Животни стории » 9-годишно девојче ја изгуби ногата за да ја спаси својата сестричка

9-годишно девојче ја изгуби ногата за да ја спаси својата сестричка

Анаја Ракер е исклучително храбро девојче кое го ризикуваше сопствениот живот за да ја спаси својата сестра. Таа стана херој откако ја турна својата помала сестра од патот за да не ја удри возило и притоа настрада. Како последица на ударот, Анаја ја изгуби едната нога и еден бубрег.

АнајаХрабрата Анаја

Инцидентот се случил минатиот месец, додека Анаја и нејзината сестра Камри ја преминувале улицата за да стигнат до автобуската постојка, каде што требало да го чекаат училишниот автобус. Во тој момент Анаја здогледала пикап камион кој се движел директно кон нив. Без да мисли за својот живот, 9-годишното девојче ја турнало својата сестра од патот и било удрено од возилото наместо неа.

Мајката на девојчињата, Андреа Тејлор, се наоѓала на другата страна на улицата пред нивната куќа и била сведок на трагичниот настан. За среќа, во тој момент пристигнал училишниот автобус и шоферката Лорета Бериман дотрчала да помогне.

Таа ѝ дала вештачко дишење на Анаја која по ударот не дишела. „Ѝ дадов инструкции на мајката да ѝ ја држи главата додека јас ѝ давав вештачко дишење уста на уста и компресии на градите. Кога зеде воздух, првото нешто што си го помислив беше - Благодарам Господе“ – изјавила Лорета.

Како последица на ударот, Анаја се здоби со тешки повреди на слезенката, скршен врат, го изгуби едниот бубрег, а исто така се здоби и со скршеници на двете нозе. За жал, докторите биле принудени да ѝ ја ампутираат левата нога.

Возачот не бил обвинет затоа што полицијата сметала дека не е виновен за несреќата. Анаја објаснила дека поради тоа што врнело, капата од блузата ѝ била ставена на глава и не гледала додека ја преминувале улицата.

„Анаја има навистина големо големо срце“ – изјавила нивната мајка. Таа се гордее со својата ќерка и верува дека Камри немало да преживее ако Анаја не постапела така херојски како што постапи.

Кога Анаја се вратила од болница, жителите од соседството ја пречекале како херој. Тие и собирале средства за да му помогнат на семејството затоа што Андреа е невработена веќе неколку месеци.

Веста за Анаја го обиколи светот и ги потсети луѓето колку е силна сестринската љубов.

Погледнете го интервјуто со Анаја, нејзината мајка и малата сестра.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20936 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.