Почетна » Новости » Животни стории » Соученици на 8-годишно момче кое загина во бомбашкиот напад во 2013 го истрчаа Бостонскиот маратон

Соученици на 8-годишно момче кое загина во бомбашкиот напад во 2013 го истрчаа Бостонскиот маратон

Некои личности никогаш не се забораваат, а за тоа да биде така со Мартин Ричард се погрижија неговите пријатели и роднините.

Мартин имаше само 8 години кога загина во бомбашкиот напад во 2013 година за време на Бостонскиот маратон. Сега, во негова чест, дел од неговите тогашни соученици, неговиот брат, поранешните наставници и тренери истрчаа 42,195 километри.

Мартин Ричард Мартин Ричард Мартин Ричард Мартин Ричард Мартин Ричард Мартин Ричард

Другарите на Мартин од школските клупи со години планирале да го истрчаат маратонот кога ќе навршат легална возраст за да учествуваат во него.

Заедно со тим од 50 лица, тие трчале за да ја пренесат пораката која Мартин ја напишал пред 10 години: „Нема повеќе повредување на луѓето. МИР“.

Мартин Ричард

Неговиот пријател Нолан Клирли сè уште ги чува патиките кои Мартин му ги подарил пред смртта. Останатите соученици се сеќаваат на кошаркарските натпревари во кои играле рамо до рамо со него. Сите тие имале само 8 години кога го изгубиле другарот, па поради тоа трката била многу емотивна за сите нив.

„Трчањето како тим нè одржуваше на патеката. Беше прекрасно. За мене, за моето семејство, за моите пријатели и за пријателите на Мартин беше многу емотивно“ – рекол братот на Мартин, Хенри, кој имал 10 години за време на бомбашкиот напад. Тој додал дека мислел на Мартин во текот на целата трка, а на раката му беше испишано неговото име.

Мартин Ричард Мартин Ричард Мартин Ричард

„Неверојатно е да се оддаде чест на неговото наследство, ова е нешто за што сонував“ – рекол другарот на Мартин, Џек.

Мартин Ричард Мартин Ричард Мартин Ричард Мартин Ричард

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.