Почетна » Новости » Животни стории » „Се гордеам со него“: Момче раскажа како е да се живее со татко со Даунов синдром

„Се гордеам со него“: Момче раскажа како е да се живее со татко со Даунов синдром

Студент од Сирија раскажа како изгледа животот со татко со Даунов синдром и растопи многу срца низ светот.

Саден Иса Саден Иса Саден Иса

Саден Иса се гордее со својот татко Џед и е благодарен што му помогнал да стане личност со вистински вредности. Идниот стоматолог вели дека татко му е како секој друг татко и дека работел напорно во фабрика за да го издржува семејството. Луѓето во неговата заедница имале огромна почит кон Џед, бидејќи знаеле дека тој ја искажува својата љубов без да очекува ништо за возврат.

Саден Иса Саден Иса

Рушејќи ги сите предрасуди кои луѓето ги имаат за лицата со Даунов Синдром, Џед го израснал Садер со огромна посветеност и му овозможил живот полн со љубов. Сега тој е негова инспирација за да се стреми да биде најдобрата личност.

Џед постојано им раскажувал на луѓето за Саден. „Син ми е доктор“ – честопати велел тој, додавајќи колку се гордее со него.

„Ако можев да избирам кој ќе ми биде татко, не би помислувал на некој друг и се гордеам со него на истиот начин како што тој се гордее со мене“.

„Кога неговите очи се полни со радост и сатисфакција, можете да видите дека сака да каже: ‘Да, јас имам Даунов синдром, но го израснав овој маж и направив сè што е во моја моќ за тој да стане доктор и да им помага на другите’“ – објаснува гордиот син.

Саден Иса Саден Иса Саден Иса Саден Иса

Иса вели дека врската на неговите родители е како и секоја друга врска. Тие стапиле во брак на 23-годишна возраст. „Иако понекогаш имаат несогласувања, уживаат во живот полн со љубов, едноставност и скромност“ – раскажува тој.

Негова мисија сега е да ја подигне свеста за лицата со Даунов синдром и да покаже дека тие се способни за нормален живот ако им се даде шанса.

„Посакуваме сите луѓе да можеа да прифатат дека нема ништо срамно во тоа да си различен. Луѓето со Даунов синдром се различни, но имаат чувства, амбиции, свој интелект и се способни да живеат нормален живот кога има прифаќање од општеството.“

„Ајде да им дадеме шанса и да видиме кои неверојатни способности ги поседуваат“ – вели тој.

Зборувајќи за тоа колку општеството е неправедно кон лицата со Даунов синдром, Садер рекол: „За многу луѓе, идејата една жена да носи бебе со Даунов синдром е најлошото сценарио. Можете да очекувате дека таа смета да абортира. Ако мојата баба беше убедена во оваа идеја, јас немаше да сум тука со тебе“ – рекол Иса.

Саден Иса Саден Иса

Во март, по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, Садер напиша дека со нетрпение чека да стане првиот доктор кој има татко со Даунов синдром.

„На овој ден ги славиме најголемите подароци што ги имаме. Нашите сакани со Даунов синдром кои се наш извор на инспирација и сила. Кога мислиме дека паѓаме, тие нè издигаат кон највисоките врвови со нивната љубов и сочувство. Лично јас мислам дека би бил многу помалку возбуден за животот и многу помалку страстен за она што го работам ако го немав мојот специјален татко“ – напиша тој.

Вистинска реткост е маж со Даунов синдром да има дете.

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.