Емотивната венчавка на Навар и Маја е невозможно да ве остави рамнодушни.
Свадбеното видео, кое ја следи интимната венчавка во двор, изобилува со емоции.
Снимката ги прикажува моментите кога младенците се подготвуваат за свадбата и си ветуваат дека ќе бидат партнери до крајот на животот, а по церемонијата, нивните блиски изведуваат традиционален хака танц.
Видео
На Навар му бил дијагностициран рак пред само 9 месеци, неколку недели по раѓањето на неговото прво дете со Маја. Здравствената состојба за кратко време му се влошила, но парот одлучил да ги искористи последните моменти заедно за да ја круниса љубовта со брак.
Маја сега е посветена да му ја исполни последната желба на Навар, односно да биде закопан во неговиот роден град. Таа со кратка порака побара помош на GoFundMe за неговото тело да биде пренесено од Австралија во Нов Зеланд и благодарение на многуте донации, веќе е блиску до потребната сума.
„Денес моето срце е тешко и тажно. Го изгубив мојот најдобар пријател, сопругот и таткото на нашиот син. Облеана сум со љубовта од пријателите и роднините. Ова е тешко време, но наоѓам сила и прибежиште во поддршката од сите. Тој остави трага во животите на многу луѓе и секогаш ќе биде во нашите сеќавања и ќе има специјално место во нашите срца“ - пишува таа.