Морин Рид и нејзиниот сопруг Џон држејќи се за раце починале во својот кревет. Краток период откако била дијагностицирана со неизлечив рак на дебелото црево, 71-годишната Англичанка починала во исто време со нејзиниот сопруг, кој не можел да го поднесе животот без неа.
Трагичната љубовна приказна растажи многумина, иако е јасно дека Морин и Џон самите одлучиле да го прекинат животот.
Парот бил во врска повеќе од 50 години, а нивните тела биле пронајдени од нивните деца. Тие се држеле за раце, додека главите им биле на иста перница. Веднаш до нив имало порака „до моето сакано семејство“.
„Тие беа најдобри пријатели“ – изјавил нивниот син.
Еден ден пред смртта, брачниот пар побарал од нивните деца да им го преместат креветот во дневната соба за да можат да имаат поглед кон реката Ториџ во нивниот град Бајфорд.
Џон имал Кронова болест, но и покрај тоа бил во добро здравје и очигледно избрал да си го одземе животот поради тоа што ќе морал да живее без својата сакана.
Парот испил таблети кои требало да ѝ ја намалат болката на Морин.
„Починатите беа пронајдени в кревет, лежејќи еден покрај друг, а мажот со главата беше легнат врз жената. Со неговата лева рака ја држеше својата сопруга“ – изјавил Чарлс Морис од локалната полициска станица.