Почетна » Новости » Животни стории » Родители дознале дека трите деца ќе им ослепат, па тргнале низ светот за да им создадат што повеќе спомени

Родители дознале дека трите деца ќе им ослепат, па тргнале низ светот за да им создадат што повеќе спомени

Родители, на кои три од четирите деца им ослепуваат, имаат една мисија – да им создадат што повеќе визуелни спомени пред тие комплетно да го изгубат видот. Семејството Лемеј патува низ светот за да ги види и искуси сите убавини и звуци кои ги нуди планетата.

Лемеј Лемеј Лемеј Лемеј

Пред четири години, Едит и нејзиниот сопруг ја добиле најлошата вест во нивниот живот. Нивните три деца страдале од ретинитис пигментоза, генетска болест која води до постепено губење на видот и ослепување.

„Не сакаш да веруваш дека тоа е точно. Беше претешко. Како родител, имаш визија како ќе им изгледа животот на твоите деца и одеднаш, треба наново да го обмислиш сето тоа“ – рекла мајката.

Докторката им препорачала да започнат да ги исполнуваат визуелните спомени на нивните деца со слики за светот околу нив, но Едит добила многу подобра идеја.

„Таа ми рече: ‘Можете да разгледувате книги и да им покажете како изгледа слон или жирафа’. Тогаш ми текна и во себе си реков дека ќе одиме да видиме жирафи и слонови во реалноста. И ќе направиме многу повеќе од тоа. Ќе им го покажеме нашиот прекрасен свет... пред да е предоцна“ – објаснила Едит.

„Решени сме да ги наполниме нивните визуелни мемории со убави сувенири за кога ќе ослепат, да имаат многу пријатни слики во нивните глави на кои ќе можат да се навраќаат“ – додала таа.

Лемеј Лемеј Лемеј Лемеј Лемеј Лемеј

Едит исто така се обидува да ја зголеми свеста за оваа болест која веќе започнала да им го влошува видот на 11-годишната Миа, 7-годишниот Колин и 5-годишниот Лорен.

„Веќе започна... Сите имаат проблеми со нивниот вид навечер. Кога се стемнува, не можат да видат ништо. Полека го губат полето на вид однадвор навнатре, а тоа е како да гледате низ сламка“ – објаснува Едит.

Лемеј Лемеј Лемеј

Освен спомените, Едит е уверена дека патувањето им дава важни вештини на нивните деца кои ќе им бидат потребни кога ќе ослепат.

„Не престојуваме во луксузни хотели со пет ѕвезди. Понекогаш условите се тешки и фрустрирачки. Има моменти кога се гладни или не им е удобно. Но, со тоа тие учат дека секоја ситуација, колку и да е тешка, може да се подобри ако се фокусираме на наоѓање решение“ – вели таа.

Лемеј Лемеј Лемеј Лемеј Лемеј Лемеј

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.