Семејството на 9-годишно момче има мисија да посети што повеќе места и да види што повеќе нешта пред неговиот вид да се влоши или целосно да исчезне.
На малиот Лук му беше поставена дијагноза ретинитис пигментоза, ретка болест која со текот на времето може да доведе до целосно ослепување. Докторите на Лук прогнозираат дека кај него тоа ќе се случи во тинејџерските години.
Поради тоа, неговото семејство реши да го одведе на патување на кое ќе му создаде што повеќе визуелни спомени.
Родителите го ставија нивниот живот на пауза, купија кампери и отидоа на 2-месечна посета на национални паркови, креирајќи што повеќе незаборавни моменти.
„Уживаме во моментот и во можноста да видиме и да искусиме нешта за кои луѓето често велат дека ќе ги посетат некој ден, а тоа никогаш не го прават“ – рекла мајката.
„На почетокот беше навистина тешко... Но, подоцна тој тип на болка се претвори во мотивација“ – објаснил таткото на Лук.
Целото семејство има мисија да ја подигне свеста за оваа болест и да собере средства преку својата фондација „A Race Against Blindness“ за пронаоѓање лек за истата.