Момче, кое било жртва на семеен масакр и едвај преживеало, доби шанса за нов живот откако било посвоено од детективот кој работел на неговиот случај.
Во 2018 година, детективот Мајк Блер пристигнал на местото на злосторството и го пронашол малиот Рони кој бил прободен, полеан со бензин и запален од неговиот татко. Претходно, тој ја убил неговата мајка и неговата сестра со посебни потреби. Не се очекувало Рони да преживее, но тој преживеал и сведочел против татко му кој бил осуден на доживотна казна.
За време на престојот во болница на Рони, детективот Мајк редовно одел да ја провери неговата здравствена состојба. Еден ден, нивната поврзаност станала уште поголема.
„Ми ја држеше раката додека си заминував и ми рече: ‘Може ли да гледаш филм со мене?’, јас му реков дека не можам и дека морам да се вратам на работа. Му реков: ‘Што велиш да се вратам вечерва и да гледаме филм?’“.
„Ѝ се јавив на сопругата, бидејќи планираме да одиме на љубовен состанок и ѝ реков: ‘Ќе ти пречи ли да гледаме филм со ова дете наместо да одиме на состанок?’“ – раскажал Мајк.
Неговата сопруга Даниел се согласила и уште таа вечер знаела дека треба да го посвојат Рони.
„Одам во различна црква, имам различни браќа и сестри, различни мајка и татко, различна куќа, но многу е кул да се биде со нив. Тие се многу добри луѓе, најдобрите мајка и татко и навистина се грижат за мене. Никој не е подобар од нив“ – рекол Рони.
„Тој знае дека има приказна која е напишана за него, но тој исто така знае дека не сака да биде дефиниран според таа приказна“ – вели детективот.
Во деновите кога е вознемирен, Рони си повторува мантра која ја научил во новото семејство: „Безбеден сум, сакан сум и сум дел од ова семејство“.