Погребалната церемонија на Берт и Мери Барнсли била одржана во истата црква во која парот се заколнал на вечна љубов пред седум децении.
Како во најтрогателните љубовни приказни, 93-годишните сопружници биле закопани заедно откако починале еден по друг. Срцев удар го прекинал животот на Берт на 18 март. Само 30 минути подоцна, Мери претрпела срцев удар. По седумдневен престој во болница, и таа издишала за последен пат.
Парот се венчал на католички Божиќ за време на Втората светска војна. По нивната свадбена церемонија црковните камбани не одекнале, бидејќи во тоа време биењето на камбаните служело како предупредување за напад. Но, на нивниот погреб во Кредли Хит, Англија, камбаните започнале да бијат додека роднините и пријателите се поздравувале за последен пат со парот кој долги години покажувал што значи вистинска љубов.
„Секогаш се држеа за раце и ако некогаш беа разделени, кога ќе се сретнеа се поздравуваа со многу бакнежи и прегратки, не им беше гајле кој гледа... Тие навистина не можеа да живеат еден без друг“ – изјавил нивен близок роднина.